Во новата просечна кошничка нема цигари, алкохол и кирија

Bez autora
Feb 19 2026

Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но повеќе од шест месеци се чека одговорот од синдикатите и од работодавците, да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии што, можеби, би требало да се вградат во неа, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Оваа кошничка, како што рече, ќе биде најмалку 10 отсто пониска во однос на синдикалната и од неа се исклучени цигарите, тутунот, алкохолот и станарината.

Според Ристески, синдикатите ја пресметале синдикалната кошничка врз основа на цените од еден или два маркети, ги зеле предвид сезонските овошје и зеленчук што не се карактеристични за соодветните периоди, а ја калкулирале и киријата. Притоа, податоците не се однесувале за цел месец, туку кошничката се пресметувала на 20. во месецот. Како што рече, тоа го правеле за да вршат синдикален притисок врз јавноста и врз Владата за зголемување на платите.

– Параметрите се земени од Државниот завод за статистика, врз база на шест синџири маркети на национално ниво, два регионални маркети, зелени пазари од различни региони и на Земјоделскиот пазарен информативен систем. Се изработува врз основа на два дела: првиот е храна и безалкохолни пијалаци, а вториот – услуги и други потреби за едно просечно четиричлено семејство. Сите овие релевантни податоци даваат реална слика за просечните потреби на едно семејство. Оваа кошничка ги има исклучено акцизните стоки како цигарите, тутунот и алкохолот како луксузни, но и станарината, зашто според пописот, во 2021 година 90 отсто од населението не плаќало кирија – информира Ристески.

Тој потенцира дека просечната потрошувачка кошничка нема да биде конкурент на синдикалната, зашто, секако, синдикатите имааат право да ги бараат своите права.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik